Американскиот Конгрес го изгласа новиот амбасадор на САД во Скопје

од desk2

Кејт Мари Брнс е изгласана како нова амбасадорка на САД во Скопје која ќе дојде на местото на Џес Бејли, објавено е на официјлната веб страна на Конгресот.

Станува збор за дипломат од кариера а досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Засега се уште не е познато кога новата амбасадорка на САД ќе дојде на должноста во амбасадата во Скопје.

„Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар“, рече во меѓувреме Брнс пред Сенатот додека ги претставуваше своите приоритети во Македонија.

Слични содржини