Американскиот Конгрес изгласа забрана за увоз на енергија од Русија

од Vladimir Zorba

Веднаш по Сенатот, Претставничкиот дом на САД изгласа забрана за увоз на енергија од Русија како одговор на инвазијата на Русија во Украина.

За предлог-законот гласаа 413 конгресмени, а против беа девет, пренесе Спутник.

Претходно во средата иницијативата беше едногласно поддржана од американскиот Сенат.

Тоа во суштина ја повторува одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој на почетокот на март го забрани увозот на енергија од Руската Федерација и нови инвестиции во рускиот енергетски сектор.

Слични содржини