Американскиот министер за здравство: Поентата е да се има безбедна вакцина, а не да се биде прв

од Vladimir Zorba

Реагирајќи на објавата на Русија дека ја одобрила првата вакцина за КОВИД-19 во светот, американскиот министер за здравство, Алекс Азар, изјави денеска дека не е поентата да се биде прв.

Во програмата „Добро утро, Америка“, Азар рече дека поентата е вакцината да биде безбедна и ефикасна за американскиот народ и луѓето ширум светот. Тој вели дека потребни се транспарентни податоци и дека податоците мора да бидат од третата фаза на тестирање, што покажува дека вакцината е безбедна и ефикасна, објави Си-Ен-Ен.

Според него, шест вакцини се во тек на развој, од кои две се во третата фаза на клиничките испитувања за да ја докажат нивната безбедност и ефикасност.

Азар рече дека веруваат дека се на пат да добијат десетици милиони дози на стандардната вакцина на ФДА и стотици милиони дози до 2021 година до декември.

Слични содржини