Американскиот Сенат го поддржа влезот на Финска и Шведска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот Сенат ја одобри резолуцијата за ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО, чија цел е зајакнување на Алијансата во време кога војната во Украина е во тек.

95 сенатори ја поддржаа ратификацијата на документите за прием на двете земји во НАТО, а еден беше против.

Сенаторите од двете партии, демократите и републиканците, силно го поддржаа членството на Финска и Шведска во НАТО, опишувајќи ги како важни сојузници чии модерни војски веќе тесно соработуваат со НАТО.

Слични содржини