Американскиот Сенат изгласа забрана за употреба на ТикТок на службениците

од Aleksandar Petrovski

Американскиот Сенат едногласно го одобри законот со кој им се забранува на вработените во федералните служби да користат апликација „Тик Ток“ на службени електронски уреди.

Апликацијата дојде на нишан на американските власти, бидејќи Тик Ток е во сопственост на кинескиот „Бајт денс“.

Компанијата има рок до 15 септември да ја продаде популарната апликација за размена на кратки видео клипови на „Мајкрософт“ или да се соочи со целосна забрана во Соединетите држави.

И додека преговорите меѓу „Мајкрософт“ и „Бајт денс“ се во тек, Трамп отиде чекор понапред во неговите желби – тој исто така сака дел од колачот и за државата.

Според кинеските закони од 2017 година, тамошните компании имаат обврска да ја поддржуваат и соработуваат со разузнавачката служба.

Минатиот месец, Претставничкиот дом гласаше за забраната, која ги исполни условите за влегување во сила на законот.

Тик Ток порано соопшти дека нивниот „најголем приоритет е да промовираат безбедно опкружување кое ќе ја заштити приватноста на корисниците“.

Тие исто така изјавија дека соработуваат со експерти од Министерството за внатрешна безбедност на САД со цел „да ја спасат апликацијата од странско влијание и можно споделување на лажни вести за претстојните претседателски избори“.

Слични содржини