Американскиот суд ја суспендираше обврската за вакцинација што Бајден ја бара за компаниите

од Берта Китинска

Американскиот федерален апелационен суд во саботата ја суспендираше обврската за вакцинација наметната од претседателот Џо Бајден на вработените во компаниите со повеќе од 100 луѓе, велејќи дека е потребно повеќе време за да се анализираат можните „сериозни уставни и процедурални проблеми“.

Мерката на американскиот претседател бара десетици милиони вработени да се вакцинираат против Ковид-19 до 4 јануари, во спротивно ќе мора редовно да се тестираат.

Мерката беше објавена во средината на септември, а беше усвоена оваа недела. Но, веднаш беше испратено на евалуација до судовите, меѓу другите во Тексас, каде што владеат републиканци кои се противат на секоја обврска за вакцинација за борба против пандемијата.

Слични содржини