Американскиот ветеран потпиша нов договор со Макаби за 900 000 евра

од Nikola Popovski

Американскиот кошаркар Отело Хантер (33) потпиша нов договор со Макаби Тел Авив вреден 900.000 евра.

Хантер пристигна во екипата во летниот период од тимот на ЦСКА Москва со кој претходно ја освои титулата во Евролигата. Тогаш се обврза на едногодишна верност кон гордоста на Израел, но благодарение на одличните партии, управата на клубот реши да му понуди нов со важност до крајот на 2021/22. Опцијата за негово продолжување останува.

Пет дена претходно Макаби Т.А. го продолжи договорот и со Скот Вилбекин кој за наредните три сезони ќе инкасира три милиони евра, а сега со Хантер ја потврди амбицијата да го сочува костурот на екипата.

Хантер во кариерата играше и за Олимпијакос и за Реал Мадрид и со години важи за еден од најдобрите дефанзивци во Евролигата. Оваа сезона бележи минутажа во, речиси, секој натпревар во кој постигнува во просек по 10,2 коша и 6,5 „украдени“ топки.

Слични содржини