Американските кошаркари загубија од Франција на отворањето на ОИ

од Stefanija Kuzmanovska

Американската кошаркарска репрезентација загуби од Франција со 83:76 на првиот натпревар на Олимписките игри. Тоа е нејзин прв пораз на Олимписките игри по 17 години, кога Аргентина беше подобра во Атина.

Иако Американците го водеа скоро целото прво полувреме и заминаа на пауза со осум поени предност, Французите се вратија во третата четвртина и го свртеа резултатот во нивна корист. Во последниот дел имаше напната и драматична борба, а тројката на Еван Фурние беше решавачка за 76:74 минути пред крајот, а потоа Франција одлично се бранеше во последната минута и реализираше слободни фрлања.

Херој на натпреварот е секако Фурние со 28 поени и четири скока, додека Руди Гоберт забележа 14 со девет скока. Нандо Де Коло го заврши натпреварот со 13 поени и пет скока и асистенции. САД ги предводеше Ру Холидеј со 18 поени и седум скока. Бам Адебајо постигна 12, Дамијан Лилард 11, а Кевин Дурент 10 поени.

Слични содржини