Американските сенатори со план: „Со санкции да се принуди Русија да ја почитува Украина“

од Vladimir Zorba

Американските сенатори, предводени од претставникот на демократите, Џин Шахин, ја обвинија Русија за „злонамерна активност“ против Украина и повикаа на притисок врз Москва преку санкции, пренесува „РТ“, повикувајќи се на резолуцијата доставена до американскиот Конгрес за разгледување.

Документот опишува важни настани во Украина од 1990 година. Ова се стекнување независност (1991), „Портокаловата револуција“ (2004) и Мајдан (2013).

Еден дел зборува за „злонамерната активност“ на Русија. Имено, политичарите ја обвинуваат Москва за „инвазија“ на територијата на Украина и „анексија“ на Крим.

Тие тврдат дека Киев веќе 30 години е успешно на пат кон демократски реформи, особено во областа на одбраната, борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото.

Покрај тоа, се нагласува активноста на владата поврзана со давање автокефалност на локалната црква, што е особено важно за „независно определување на иднината на Украина без влијание на Кремљ“, посочуваат сенаторите.

Тие заклучуваат дека Соединетите држави и нивните сојузници треба да продолжат да вршат притисок врз Русија со санкции додека таа не почне да го „почитува територијалниот интегритет на Украина“.

Односите меѓу Москва и Киев се влошија поради ситуацијата во Донбас по државниот удар во 2014 година.

Слични содржини