Американските трупи симулираа војна со Кина и загубија

од Vladimir Zorba

Американската војска одржала маневри за време на кои била симулирана војна со Кина. Според генералот Џон Хајтен, операцијата не успеала, пишува „Дефенс уан“.

Во обраќањето до Институтот за технологија во развој, генералот повика да се забрза модернизацијата на вооружените сили по неуспешната операција за време на која беа симулирани воени акции.

Хајтен посочи дека причината за неуспехот е тоа што условниот противник детално ги проучувал потенцијалите на американската армија. Војниците не успеаја да воспостават „инормациска доминација“, иако таа стратегија долго се сметаше за ефикасна против Русија и Кина, прецизира генералот.

– Замислете само со што се занимаваа нашите вистински ривали во последните 20 години … Моравме да направиме чекор назад за да видиме што пропуштивме – рече генералот, пренесува „Defence News“.

Резултатите од маневрот го натераа Пентагон да размисли за промена на стратегијата за борбени операции. Според „Stars end stripes“, Хајтен рече дека шансите на Америка за успех во вистински конфликт со противник како што е Кина „брзо се намалуваат“. Генералот постави голем број „амбициозни барања“ за подобрување на воената моќ на Соединетите држави, а исто така додаде дека спречувањето на војната со Русија и Кина наводно зависи од тоа колку Американците се подготвени за тоа.

Слични содржини