Американското разузнавање нема докази за мешање на Русија на престојните избори во САД

од Nikola Popovski

Новинарката на „Си-би-ес“ Кетрин Хериџ откри дали американските разузнавачи обезбедиле докази за наводното мешање на Русија на престојните претседателските избори во САД.

Таа извести дека американските службеници за разузнавање, кои учествувале на затворено рочиште во Претставничкиот дом, не доставиле докази за наводното мешање на Русија во претседателската кампања во САД во 2020 година.

Хериџ на Твитер напиша дека познат извор рекол како се врши притисок за да се најдат докази за поддршка на тврдењата дека Русија се обидува да му помогне на Доналд Трамп на изборите оваа година.

„На прашањето дали има разузнавачки сигнали – како што се пресретнување на телефонски разговори за да се потврдат овие обвиненија, изворот рече дека никој не понудил докази на сослушувањето“, се вели во твитот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва очекува повеќе обвинувања за наводно руско вмешување со приближувањето на изборите во САД, пренесува ТАС С.

Коментирајќи на пишувањето на „Њујорк Тајмс“ дека разузнавачки службеници го алармирале Претставничкиот дом за наводно руско мешање во кампањата, Песков рече дека станува збор за уште еден во низата „параноични написи.

„Тие сигурно немаат никаква врска со вистината“, им рече Песков на новинарите.

Слични содржини