Американците поделени за Трамп и во анкетите – 43 отсто ја подддржуваат одлуката на Сенатот, 41 против

од Aleksandar Petrovski

Американците се речиси подеднакво поделени, главно на партиска основа, околу ослободителната пресуда на американскиот Сенат за претседателот Доналд Трамп, иако малку повеќе испитаници мислат дека веројатно тој направил нешто погрешно.

Националното истражување на јавното мнение покажа дека 43 отсто од Американците ја поддржуваат одлуката на Сенатот, што е под водство на републиканците, Трамп да не се отповикува од функцијата, 41 отсто се против оваа ослободителна пресуда, а 17 биле без став, ја пренесуваат британските медиуми анкетата на Ипсос.

Трамп беше обвинет дека ја скратил воената помош на Украина за да изврши притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да отвори истрага за еден од демократските лидери и претседателски кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер, како и дека притоа правел се на Конгресот да му ја отежне истрагата.

Но, на прашањето за ослободителната пресуда, 48 отсто од испитаниците одговориле дека Трамп „веројатно е виновен за обвинувањата против него, а Сенатот во тоа го штител“, додека 39 отсто сметале дека претседателот „веројатно е невин, а дека Сенатот исправно одлучил што го ослободил“.

Резултатите од анкетата сугерираат дека некои испитаници сметаат дека дури и доколку Трамп сторил нешто погрешно, тоа не било доволно за негово отстранување од функцијата претседател на државата.

Истражувањето направено врз 1.006 возрасни Американци било спроведено откако Сенатот гласаше со 52:48 за ослободување на Трамп од обвинивањето за злоупотреба на функцијата и и 53:47 за ослободување од обвинувањето за попречување на истрагата на Конгресот.

Сенаторот Мит Ромни беше единствениот републикански сенатор кој гласаше за отповикувањето на Трамп заради обвинувањето за злоупотреба на функцијата, а ниту еден демократ не гласаше за ослободување од било кое од двете обеиненија.

Како и претходните анкети, и оваа ја покажа длабоката поделеност меѓу демократите и републиканците. Првите се залагаа за негово отстранување од функцијата, додека повеќето републиканци ја поддржаа одлуката за негово ослободување од обвиненијата.

Слични содржини