Амфилохије е приклучен на респиратор

од Nikola Popovski

Митрополитот црногорскo-приморски Амфилохије бил приклучен на инвазивен респиратор во текот на денот, поради влошување на неговата здравствена состојба, пренсува „Нова.рс“ според извори од Патријаршијата на Српската православна црква.

„Во меѓувреме, неговата здравствена состојба се влошила поради пневмонија. Сепак, ние веруваме дека митрополитот е силен и дека тој ќе го надмине она што му се случи. Мислите ни се со него и се молиме за него“, изјавил соговорникот од Српската православна црква.

Митрополијата утрово соопшти дека митрополитот Амфилохије, кој од 6 октомври се лекувал од коронавирус во Клиничкиот центар во Подгорица, имал потешкотии со дишењето, но не е приклучен на респиратор.

Исто така, се наведува дека утрово Амфилохие дишел тешко, имал болка во градите и дека сите анализи биле направени веднаш.

Митрополитот Амфилохије се наоѓа на болнички третман од 6 октомври.

Слични содржини