„Амнести интернешнл“ ги повика Јувентус и Милан да не играат во Ријад

од desk4

Борбата за правда по убиството на новинарот Џамал ​​Хашоги се пренесе и во спортскиот свет.

Светската организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ ги повика италијанските гиганти Јувентус и Милан да не го играат финалето на Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија, предвидено да се одржи во Ријад во почетокот на 2019 година.

„Земји како Саудиска Арабија знаат дека спортот има потенцијал да го исчисти имиџот на земјата. Големи тимови како Јувентус и Милан треба да разберат дека натпреварот меѓу нив ќе биде искористен како „спортско чистење на угледот“, се вели во позицијата на организацијата.

Слични содржини