Ампева со апел до работниците: Не потпишувајте никакви документи и празни листови, тоа се спогодбени откази

од Vladimir Zorba

Кристина Ампева од „Гласен текстилец упати апел до работниците и работничките од приватниот сектор да не потпишуваат никакви документи и празни листови, бидејќи, според неа, тоа се спогодбени откази.

„Знам дека ви јавуваат веќе во дел од фирмите да одите и се потпишете. Тоа се спогодбени откази, отказ по ваша вина, за они да бидат чисти пред државата и да ги добијат парите, помошта од државата. А вас нема да ве следува никаков паричен надоместок од АВРМ, ниту ќе имате право на здравствено осигурување. Ве молам, оние кои сте дома со децата, не одете во фирмите да потпишувате. Консултирајте не претходно. Не потпишувајте ништо!“, вели таа.

Слични содржини