АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, застои нема

од Stefanija Kuzmanovska

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а слаби врнежи од снег има во Маврово, Стража, Крива Паланка, Страцин и Смојмирово, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, велат оттаму, е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Оттаму потсетуваат дека до 15 март важи законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Слични содржини