Ана Фарис се омажи во тајност, ова е нејзин трет брак

од Stefanija Kuzmanovska

АКТЕРКАТА Ана Фарис се омажи за кинематограферот Мајкл Барет. Среќната вест ја откри на нејзиниот подкаст „Unqualified“.

„Гледам наоколу. Десно е мојот свршеник, сега мојот сопруг. Да, тајно се венчавме“, рече Фарис откривајќи ја локацијата на венчавката.

„Беше во локална судница во државата Вашингтон. Беше одлично“, додаде таа.

Ова е нејзин трет брак, а други детали од венчавката не сподели. Ана ретко објавува фотографии од приватниот живот на социјалните мрежи, па не споделува моменти со сегашниот сопруг.

Таа започна врска со Мајкл во 2017 година откако работеше на филмот „Мојот лажен сопруг“. Нејзин прв сопруг беше актерот Бен Индра, а по него се омажи за Крис Прат.

Се разведе од Крис еден месец пред да биде фатена во јавноста со Барет. Таа има осумгодишен син Џек со Прат.

Слични содржини