Ана Ивановиќ: Мојот брак со Бастијан е далеку од совршен

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ во интервју за германските медиуми откри дека нејзиниот брак со поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер не е совршен, како што многумина мислат. Зборуваше и за нејзините синови, нивното растење, но и зошто предвреме ја заврши кариерата.

„Сметам дека е многу важно што имам можност постојано да бидам со нив во првите неколку години од развојот на моите деца и што ги завршив кариерата и напорните тренинзи и работни денови пред мајчинството. Признавам, имам толку многу одговорности околу децата и се грижам за нивното растење, што на крајот на денот обично сум уморна за сè она што сакам да го направам за себе. Сепак, децата се на таква возраст што не сакам ништо повеќе од тоа да поминувам време со нив и секој ден откривам нешто ново за нив“, рече Ана за германски магазин.

Таа го најде вистинскиот партнер, но и поддршка, кај поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер.

„Ние се поддржуваме едни со други затоа што знаеме низ што поминувал другиот. Се разбира, нашиот брак е далеку од совршен, но дали има такво нешто? И двајцата знаеме колку порано беше тешко да се одделиш од твоето семејство, колку беше тешко да се достигнат границите физички и психички. И двајцата знаеме што е предавство, но Бастијан знае и за возбудата кога се искачувате на планината Олимп, кога освојувате титули. И двајцата поминавме низ сето тоа. Затоа сега и двајцата подеднакво цениме дека сме во новите фази од нашите животи и подеднакво се трудиме да му се посветиме на семејството што го основавме, да уживаме во се што пропуштивме“, истакна Ана.

Ана и Бастијан живеат со своите деца во Австралија, во малото гратче Вастендорф, каде го имаат својот мир.

Слични содржини