Ана Винтур наполни 70 години и еве што откриваат соработниците за нејзе

од Elena Daskalova

Во недела ќе наполни 70 години, а на талентот, еланот, волјата за работа, следење и диктирање на модните трендови oд главна позиција во водечкиот моден магазин „Вог“ можат да ѝ позавидат многу помлади колешки. Ана Винтур веќе три децении успешно владее на медиумскиот простор и предизвикува длабоко самопочитување. Но има неколку работи кои за нејзе малкумина ги знаат.


Таа ја инспирираше книгата, а подоцна и филмот „Ѓаволот носи Прада“ со својот лик и дело, а каде ѝ да се појави предизвикува длабоко самопочитување. Но кога станува збор за работата, нејзе ја опишуваат како ладна жена без емоции. Како ѝ да е нејзината формула, каква и да е се покажа успешна. Поради тоа според многумина нејзиното заминување еден ден, од модниот магазин „Вог“, ќе биде како да сте влегле во познатиот Лувр додека таму не е Мона Лиза.
Во пресрет на 70от роденден, кој ќе се слави во недела, нејзините колеги, пријатели, семејството и оние кои накратко дошле во контакт со нејзе, ѝ оддаваат почит со пофалби и откривање на некои нејзини скриени страни.

1. Нема површно муабетење
Триш Халпин, некогашна уредничка на модниот магазин „Мари Клер“’ својата колешка и конкурентка Ана Винтур прв пат ја сретнала очи во очи на еден лет од Лондон за Њујорк. Како сите патници и тие чекале на контрола пред влез со соблечени чевли. Бидејќи биле многу блиску се погледнале и јасно си дале до знаење дека се препознале, но тоа било сè.

– Иако многу добро знаевме кои сме, непишано правило е дека Ана не сака површни муабети – објасни Халпин.

2. Во работата е брза, ефикасна и знае да препозне талент
До позицијата каде е со години, Ана дојде благодарение на својот неоспорен талент, нос за бизнис и одлична стратегија. Дизајнерката Аниа Хиндмарч од еден состанок заклучула каква е Ана и објасни:
– Иако бев преплашена, брзо се опуштив. Кај нејзе сè оди по некој логичен ред и нема одолговлекување. Веднаш се преминува на работа, фокусирана е, покажува интерес, неверојатно брзо одговара на мејлови и горда е на сите свои службени врски и контакти. Секоја жена која успева да има така одржувана фризура заслужува да ѝ се плашите.

3. Не се откажува од елеганцијата и дамското држење
Тина Браун, поранешна уредничка на „Венити фер“ и долгогодишна колешка на Винтур, истата ја опишува само со епитети. Во 1985 година кога двете биле трудни, Ана со синот Чарли, Браун ќе напише:
„Изгледам како тенк. Не сфаќам како Ана Винтур може да изгледа така феноменално во својот „шанел“ капут, а исто е во осми месец од бременоста“.
Познато е дека Ана во ниту една прилика не се појавува недотерана, па до тоа се држеше и во тек на бременоста. Никогаш не ѝ е тешко рано да стане за да има средена боб фризура на која ѝ е верна уште од младоста. Се држи до она што знае дека ѝ стои и никогаш не експериментира. Особено кога се во прашање чевлите, верна им е на класичните модели кои се удобни, а иако диктира модни трендови од сезона во сезона, не потклекнува пред нив.

4. Многу е пристојна и не сака да откажува договорени работи
Ана е доследна и на своите зборови, договори и планови. Многу е несреќна кога мора да откаже закажан термин, состанок или договор. Тоа го докажува и нејзиниот однос во такви ситуации. Пред неколку години нејзината родниина Ел Винтур ѝ закажала термин во еден фризерски слон во Јорк, Британија.
За жал Ана морала да откаже, но неколку дена подоцна се појавила во салонот лично да им се извини на газдите, а тие не можеле да поверуват што се случува.

5. Никаде без очила за сонце
За да задржи одредена мистичност на многу настани и одредени состаноци, Ана создаде тренд со носење очила за сонце без разлика на временските усллови, годишното време или дел од денот.
Џо Елвин некогашен уредник на „Гламур“ ја опиша својата средба со нејзе како специфична:
– Иако никој не мислеше дека ќе успееме, ние успеавме. Ана еден ден дојде во редакцијата, откако го најави доаѓањето. Бев возбуден и исплашен. Цело време не ги вадеше очилата за сонце, а беше строго службена, не можам да го опишам тоа како топол гест, но сепак изрази честитки за успехот. Потоа објаснувајќи дека не сака да ни одзема од скапоценото време го заврши состанокот. Всушност сите знаевме дека не сака да го троши своето време.

6. Семејството на прво место
Можеби делува како жена на која работата ѝ е прироритет, но сите кои добро ја познаваат, ќе кажат дека семејството ѝ е на прво место. Тоа го покажува со топлите гестови, чести собирања на семејството во домот, како и со страста со која ужива во улогата на мајка, баба, сестра. Нејзиниот брат Патрик Винтур вели:
– Ана всушност не обожава облека, таа го сака своето семејство и ништо не ја прави посреќна како трпезариската маса преполна со над 30 седечки места во август во нејзиниот дом на Лонг Ајланд заедно со браќата, сестрите, роднините, децата и внуците.

7. Има неверојатен талент да открие што ќе биде во тренд, а некогаш го диктира 

Во својата бранша е толку успешна баш поради тоа што предвреме успева да го препозне модниот тренд и што ќе биде добро да се облече, како и да се уреди интериер или обои косата. И сето тоа успева да му го презентира на светот на еден посебен начин. Една од нејзините соработнички Ванеса Фрајдман, денес уредничка на модната рубрика во „Њујорк Тајмс“, признава дека токму Ана е заслужна за нејзиниот денешен изглед:
– Кога имав 25 години работев за „Вог“. Ана реши еден дел од приказната да биде моја трансформација и како да се стане гламурозна. Требаше по нејзин предлог косата од руса да ја бојадисам во црвена. Таквата голема промена за која бев скептична и денес ја носам, бидејќи совршено ми прилега. Токму поради таквите ситуации во кои не греши, модниот свет го цени нејзиното мислење.

Слични содржини