Ана Винтур се разведува по 20 години брак

од Stefanija Kuzmanovska

Уредничката на „Вог“, Ана Винтур и милионерот Шелби Брајан одлучија да се разведат по 20 години брак, пишува Page Six.

Со месеци се шпекулираше дека парот не е виден заедно во јавноста, а сега е потврдено дека на нивниот брак му дошол крајот.

Официјалната причина за нивниот развод сè уште е непозната, но странските медиуми пишуваат дека Брајан се вратил кај неговата поранешна сопруга Кетрин Брајан.

Имено, Брајан ја напушти Кетрин во 1999 година кога започна афера со Ана Винтур.

„Кетрин и Брајан имаат деца заедно и се само пријатели. Тоа е сè “, изјави извор за Page Six.

Слични содржини