Аналитичар: Акциите на Tesla сега се неразделно врзани со судбината на Bitcoin

од Nikola Popovski

Неодамнешното купување на Bitcoin во вредност од 1,5 милијарди долари во режија на Tesla го одбележа февруари на пазарите.

Сепак, со овој потег, компанијата врза добар дел од својата пазарна вредност за судбината на најпопуларната криптовалута. Барем така мисли Даниел Ајвс, аналитичар на Wedbush.

„Маск сега е врзан за приказната за биткоинот во очите на Волстрит, и иако Tesla заработи милијарда долари на хартија во првиот месец на дигитално злато. Tоа сепак доаѓа со дополнителен ризик, како што се виде оваа недела“, изјави Ајвс за CNBC и додаде: „Кога Tesla нурка во длабокиот крај на базенот на BTC, Маск ризикува дека оваа придружна епизода ќе ја засени основната визија на EV (електрично возило) во блиска иднина“.

И покрај некои загрижености, Ајвс сепак верува дека Bitcoin е „паметен потег во вистинско време за Tesla“.

Ајвс во понеделникот процени дека Tesla веќе заработила над милијарда долари од инвестирање во криптовалутата.

„Лошата страна е играта со експлозиви, а ризиците и нестабилноста се додадени во приказната на Tesla“, рече Ајвс.

loading...

Слични содржини