Аналитичари: Најавите на Мицкоски за рушење на Владата како расипана грамофонска плоча

од Destan Jonuzi

На изјавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека работи на создавање ново парламентарно мнозинство и предвремени избори, не им верува ни неговиот електорат, вели новинарот и политички аналитичар Ацо Кабранов, коментирајќиги најавите од опозицијата за ново парламентарно мнозиство.

Ацо Кабранов

– Мислам дека најавите на Мицкоски за рушење на Владата и барањето за предвремени парламентарни избори дури и неговиот електорат не ги зваќја сериозно, имајќи предвид дека вергла со години едно исто. Едниот обид за уривање на Владата во Собранието му пропадна, а за барањето за предвремени парламентарни избори му стана како добро утро. Така го држи членството „еве само што не сме на власт“, ги „срушивме“, ги „победивме“. Тие негови изјави ми личат на несериозни , но да видиме. Почнаа да се плетат варијанти дека „огнените“ од ДУИ како понаклонети кон ВМРО-ДПМНЕ, поготово Муса Џафери можно е да им се приклучат за да имаат ново владино мнозиство. Да почекаме, се е можно, но мене некако не ми иде Муса Џафери да биде во коалицијата во која ќе го нема неговиот побратим Мијалков. ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да го врати Мијалков во партијата, а човекот е во затвор, изјави Кабранов за „Локално“.

Тој додава дека најавуваното жешко лето помина, па еве сега имаме жешка есен, на пролет потенцира Кабранов, сепеак Мицкоски може и ќе успее да стане премиер.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека изјавите на Мицковски за ново мнозинство и предвремени избори стана како скршена грамофонска плоча.

Исмет Рамадани

– На партија која долги години беше на власт, и ја одалечи државата од шините на нормален развој, со огромна корупција и криминал, мислам дека ќе и треба подолго време за рехабилитација. Затоа банално е Мицковски од ден на ден да изјавува дека ќе има ново парламентарно мнозинство. Не може уште еднаш да се случи „фото-мнозинство“ со партиите на Албанците, и да ги поткопа разговорите за интеграција на нашата земја во ЕУ. Мислам дека денец да се биде во парламентарното мнозинство кое го најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е контрадикторно на евроатлантскиот дискурс на државата. Жално е за оние кои веруваат во манипулативните изјави на Мицкоски што денес- утре ќе има ново парламентарно мнозинство, изјави Рамадани за „Локално“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста за формирање на ново парламентарно мнозинство и дека, според неговите тврдења, за ова се водат преговори.

– Како што велат тие дека преговараат да обезбедат мнозинство за уставни измени, ние имаме право да работиме на ново мнозинство за рушење на власта. Секако дека работиме, има конкретни чекори. Само се грижиме да нема нов Кастриот. Разговараме со дел од 120-те пратеници, изјави Мицкоски.

Од друга страна, потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски изјави дека е убеден дека на следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе добие огромна подршка на граѓаните, и дека самостојно ќе освои 61 пратеник, и на тој начин, како што вели он нема да биде уцената од било кој друг политички субјект.

Д.Ј.

Слични содржини