Аналитичари: Регистарските таблички изговор за фаворизирање на ЗСО пред признавањето на Косово од Србија

од Vladimir Zorba

Тензиите што се случуваат на северот на Косово се оркестрирани од Србија, или поточно од претседателот Александар Вучиќ. Излегувањето на Србите од институциите и нивното итното барање за создавање на Заедницата на српски општини (ЗСО), има за цел да направи нефункционална држава со скратен суверенитет, оценува Исмет Рамадани од Евроатлантскиот совет.

– Одлуката на премиерот Курти за етапно имплементирање на регистарските таблички или нивно одложување за неколку месеци требаше да се координира прво со опозицијата и разбирливо со меѓународните сојузници, САД и ЕУ. Едностраните дејствија за морализирање и правни дејствија се исто така разбрани од меѓународната заедница, но тие инсистираат на прагматични акции кои одржуваат стабилност што му дава приоритет на дијалогот, кој сега зазеде насока кон завршување со француско-германскиот план со американска помош. Оваа ситуација создадена со претекстот на „регистарските таблички“ како изговор е фаворизирање и создавање на ЗСО пред признавањето на Косово од Србија, изјави Рамадани за „Локално“.

Исмет Рамадани

Исмет Рамадани

Сега, додава Рамадани, Владата на Курти и опозициските партии на Косово треба да седнат и заедно со меѓународната заедница да дадат предлог со кој Србија ќе се стави во непријатна положба за да „не си игра со огнот на војната“.

– Мислам дека Србија, колку и да е силна со оружје, нема да има храброст да се спротивстави на НАТО на Косово. Тоа еднаш го пробаа и знаат како не успеа. Косово треба да се здружи со Западот и да ги координира акциите, особено во критичната ситуација што се случува сега на северот на Митровица. Потребна е будност и воздржаност од провокациите на Србите на Косово поттикнати од Србија. Треба внимателно да се слушаат западните сојузници на Косово, бидејќи тие се многу ангажирани во војната во Украина, и нема да дозволат Западен Балкан да се дестабилизира кога веќе има рамка за дијалог меѓу Косово и Србија, вели Рамадани.

Што се однесува до Северна Македонија, смета дека ситуацијата во Косово е причина за загриженост, но не претставува никаква опасност од која треба да се плаши.

– Ние сме полноправна членка на НАТО и сигурни сме дека не може да ни се случи ниту еден воен напад од надвор. Косово треба да биде претпазливи од други форми на дестабилизација, како што се сајбер и хибридни напади. Од витално значење е што ја зазедовме вистинската страна за да се соочиме со сите предизвици што не очекуваат, нагласува Рамадани.

Политикологот Шпат Исени оценува дека ескалацијата на ситуацијата на Косово и особено во северниот дел на Косово треба внимателно да се следи бидејќи се е поврзано со конфликтот во Украина

Шпат Исени

Шпат Исени

– Сега Русија бара фактор на нестабилност на Балканот, со големото влијание што Русија го има во српската држава. Премиерот Курти треба да ја слушне пораката на меѓународните партнери да не го става на дневен ред проблемот со регистарските таблички, особено на оваа светска политичка раскрсница каде ситуацијата секојдневно е доведена во прашање. Србија, и особено претседателот Александар Вучиќ, користат секаква пропаганда за да се соблечат од „костумот“ на агресорот што го носат во последната деценија, изјави Исени за „Локално“.

Според него, Косово отсекогаш имало алтернативни политики со континуирани консултации со меѓународните партнери и особено со американските пријатели.

Љупчо Арсовски, поранешен амбасадор, за „Локално“ вели дека за подлабока анализа е дали и до која граница косовскиот премиер може да оди во спротивност на дооворите кои се до сега на сила врзано са односите Србија-Косово а кои се потпишани од двете страни со гаранции на меѓународната заедница од понов датум.

Љупчо Арсовски

Љупчо Арсовски

– Играта која сега ја води официјална Приштина е опасна од повеќе аспекти. Дали косовската влада ги изневерува своите сојузници кои се трудат на секој начин да помогнат за мирно средување на затегнатата состојба? Видливи беа повиците на сојузниците за одложувањето на промената на табличките на автомобилите и др. Владата на Курти дури се закани дека ќе ги казнува лицата кои нема да ги сменат табличките издадени од Србија. Ситуацијата кулмимираше со тоа што српските пратеници и припадниците на полицијта , судството и локалната администарција ги напуштија работните места кое нешто е тектонско поместување со непердвидлив крај. Факт е дека оваа ситуација е неприфатлива за опозицијата која не сака затегнати односи со сојузниците за кои сметаат дека му помагаат на Косово. Се чини дека во моментов Курти е во сосотјба да не може да објасни кој и каков ќе му биде наредниот чекор а тој како да оди ,, по санти мраз,,. Да, може да се оди по санти мраз ,но, секогаш треба да се знае на која наредна санта треба да се застане , дека погрешниот чекор може да биде фатален. Се наоѓаме во Западен Балкан , регион со земји кои на ватрешен план имаат повеќе отворени нерешени прашања а некои и со соседите. Во непосредна близина на земји на надворешната граница на Унијата се одвиваат воени дејствија кои лесно можат уште повеќе да ескалираат со непредвидливи последици и пошироко, изјави Арсовски за „Локално“.

Тој смета дека разумни политичари секогаш мора да знаат за патот кој води напред. Тоа е секако напор за мирно решавање на состојбите , значи дипломатијата мора да биде решавачки чекор.

– Белград и Приштина мора со помош на меѓународната заедница да се вратат на ,,зелената маса,, што значи одложување на одлуката за промена на табличките и комплетно враќање на Србите во институциите на Косово. Со тоа ќе се отворат патиштата за најавените планови на некои влијателни земји на ЕУ за решавање на сосотојбите а ова не треба да биде ,,пораз ,,на Косовската влада, зашто, непотребна ескалација со можни оружени судири и безумни постапки кои водат кон уништување животи на невини лица е оној пораз од кој треба да бегаат вистинските и разумните политичари, подвлече Арсовски.

Д.Ј.

Слични содржини