НАТО ја покани Република Македонија да се приклучи кон редовите на алијансата, со цел да се прошири подлабоко во деловите на Југоисточна Европа и покрај негодувањата и незадоволството од страна на Русија, како и критиките од страна на американскиот претседател Доналд , кои ја разнишаа сплотеноста на групата, пишува Блумберг.
Со оглед на тоа што се соочува со напади од Трамп на Твитер дека поголемиот дел од нејзините членови не го одработуваат својот дел, воената алијанса се обидува да внесе повеќе членки во нејзиниот ред, земји од Балканот, местото на најкрвавите конфликти во Европа по Втората светска војна. Добива и притисок од Русија и нејзиниот претседател, Владимир Путин, кој го осуди мислењето на западните организации за неговата земја како лошо влијание и закана.
Поканата од средата, и овозможува на малата земја, од 2 милиони жители, да започне со преговори за приклучување кон Северноатлантската алијанса. Отворањето на вратата беше овозможено минатиот месец, преку постигнатиот договор помеѓу Македонија и Грција по деценискиот спор за името „Македонија“, што исто така го носи и Северно грчката провинција. Поранешната југословенска држава за промена на своето име во „Република Северна Македонија” ја заврши децениската расправија, но треба да спроведе референдум подоцна оваа година.
“Откако сите државни процедури ќе бидат извршени со цел да се финализира договорот, државата ќе биде 30та членка на алијансата”, изјави Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на самитот во Брисел.
Членството на Македонија ќе затвори уште еден јаз на НАТО во регион во кој Русија продолжува да притиска за влијание. И покрај тоа што има изградено поцврсти врски со Србија, земја која ја дели православната религија и писмо со Русија, Москва беше обвинета за поставување неуспешен државен удар и обид за атентат на премиерот на Црна Гора, која што минатата година се приклучи на воената алијанса.
Сега, Македонија е таа која се надева дека со влезот во НАТО, ќе се заштити од Руското влијание и дејствување во внатрешните работи. Во меѓувреме, Европската Унија изјави дека ќе лансира нов систем на набљудување и подготвување на земјите Македонија и Албанија, пред почетокот на преговорите за членство во 2019-та година.
Овие два процеса ќе го приближат Премиерот Зоран Заев кон остварување на целта, односно обезбедување сигурен пат и место во ЕУ и НАТО на својата држава. Со стандарди на живеење од само 37 проценти од минатогодишниот просек на Европската Унија, неговата влада цели кон сигурноста и инвестициите кои проследуваат од членството во НАТО што ги уживале поранешните комунистички земји по падот на Железната Завеса.
Иднината на НАТО е разнишана поради притисокот од страна на Трамп кон останатите лидери кои ги обвини дека не одвојуваат доволно средства за алијансата, а воедно истите се загрижени дека Трамп ќе ја разниша унитарноста на алијансата покрај тоа што им треба американска помош за заштита од Русија. Тие исто така се загрижени поради средбата на Трамп и Путин во понеделник во Хелсинки и кои ветувања може да ги постави на маса.
„Без отворени перспективи за членството во НАТО и ЕУ, Македонската иднина е несигурна”, изјави Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска во обраќањето кон нацијата, „членството во НАТО ќе ни донесе стабилност и безбедност”, додава таа.
Извор: Блумберг