Анализа на крвта ја откри точната причина за смртта на 8-те тинејџери од БиХ

од Nikola Popovski

Пристигнаа резултатите од анализата на крвта на осумте млади луѓе од Посужје кои трагично починаа на новогодишната ноќ.

Обвинителството на кантонот Западна Херцеговина утрово објави дека ги добиле резултатите од анализата на крвта на осум млади луѓе од Посужшје кои починаа на новогодишно утро во викенд куќа во Трибистово.

„По анализата на крвта утврдено е дека кај сите осум лица дошло до интокасикација со јаглерод моноксид со утврдена концентрација во крвта, што е смртоносно“, изјавил Јосип Аничиќ,член на Обвинителството на ЗХК, пренесува Дневни аваз.

Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговинскиот кантон и Обвинителството ЗХК претходно соопштија дека засега сè укажува дека смртта настапила како резултат на испуштање отровни гасови од агрегат, која се наоѓала во помошната просторија на викендичката каде што Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо. Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ, Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ, сите родени 2001 година, ја славеле новогодишната ноќ.

Слични содржини