Анализите покажуваат дека овој дел од Европа гори од корона, стигна ли вториот бран?

од Aleksandar Petrovski

Земјите ширум Европа бележат голем пораст на бројот на заболени од коронавирус откако успешно го забавија ширењето на епидемијата на почетокот на оваа година.

Земјите во Југоисточна Европа, како што се Албанија, Бугарија, Црна Гора, северна Македонија и Романија, имаа повеќе случаи во август отколку на почетокот на пандемијата, пренесува Еуроњуз.

Србија е еден од исклучоците, пренесуваат медиумите, додавајќи дека имала слични бројки во август како и во средината на април.

Хрватска, Грција и Малта, исто така, се чини дека забележале зголемување на случаите со уште поголем број во текот на изминатата недела во споредба со првиот бран.
Чешка постави нов рекорд на 8 септември со нови 1.161 случаи.

Белгија, Италија и Велика Британија, кои се меѓу најпогодените европски земји, исто така бележат раст, но ни приближно на бројките од март и април, барем засега.

Велика Британија надмина 2.000 случаи на ден на 6 септември.

Франција, Полска, Холандија и Шпанија, каде постои голем страв од втор бран, започнаа да преземаат активности за спречување на ширењето.

Франција објави 4.975 нови случаи на 4 септември, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата.

Европските земји сега прават многу повеќе тестови отколку за време на првиот бран на вирусот корона.

Оваа стратегија делумно објаснува поголем број случаи во некои земји отколку на почетокот на пандемијата.

Слични содржини