Анастасија Ражнатовиќ тестирана на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Откако Душица Јаковљевиќ беше примена на Клиниката за инфективни болести и ѝ беше потврден коронавирусот, членовите на семејството Ражнатовиќ решија да реагираат.

Сè со цел да се зачува нивното здравје, но и здравјето на другите луѓе.

Како што дознава „Телеграф“, Анастасија Ражнатовиќ веќе направила тест на коронавирусот. Наодите се негативни.

Цеца Ражнатовиќ планира да се тестира на коронавирусот. Тимот на „Телеграф“ стапи во контакт со фолк ѕвездата, која потврди дека ќе оди на тестирање.

Да потсетиме, Душица Јаковљевиќ, не знаејќи дека го има коронавирус, беше на прославата во домот на Ражнатовиќ во Белград, што се одржа по повод раѓањето на Жељко Ражнатовиќ, внукот на Цеца Ражнатовиќ.

Слични содржини