Анчелоти ги прашувал играчите какви смени да направи против Сити

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти побарал мислење и од некои од неговите водечки играчи во клучната фаза од натпреварот против Манчестер Сити во средата навечер, откри играчот од средниот ред Тони Крос.

„Не праша нас – искусните играчи какви промени да направиме за продолженијата“, призна германскиот фудбалер.

„Оваа ситуација одлично опишува каков тренер е тој и зошто работи толку добро со тимот“, додаде Крос.

„Има ментори кои велат „Остави ме да одлучам“. Сепак, Анчелоти е заинтересиран за нашето мислење и тоа е неверојатно“.

Во додадените 30 минути, Италијанецот направи три замени, отстранувајќи ги Карим Бензема, Виничиус Жуниор и Едер Милитао на сметка на Дани Себајос, Лукас Васкез и Хесус Ваљехо.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека Анчелоти разговара со Крос и Марсело.

Слични содржини