Анчелоти лично го уверил Малдини дека Реал не е заинтересиран за Леао

од Vladimir Zorba

Телефонски разговор спровеле главниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини.

Станало збор за португалската ѕвезда на „росонерите“ Рафаел Леао, кој имаше голем придонес за титулата на Милан во Серија А, пишува Corriere dello Sport.

Анчелоти го уверил Малдини дека „Лос Бланкос“ не се заинтересирани за Рафаел Леао и легендата на седумкратниот европски клупски шампион може да биде спокоен.

Анчелоти е поранешен фудбалер и поранешен тренер на гигантот од Милано, а тој и Малдини соработуваа на „Сан Сиро“ и одлично се познаваат.

По силните настапи на Леао на италијанско тло и одбивањето на француската суперѕвезда Килијан Мбапе да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч, името на португалскиот напаѓач постојано се поврзува со Реал Мадрид.

Интерес за Рафаел Леао има и од англиските клубови.

Слични содржини