Анчелоти не ја отфрли можноста да застане на чело на Италија

од Vladimir Zorba

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и Баерн Минхен, Карло Анчелоти не ја исклучи можноста да стане селектор на Италија.

Во интервју за „Corriere dello Sport“ тактичарот објасни дека е подготвен да води разговори за испразнетото место, но прецизира еден многу важно услов за да седне на преговарачка маса.

„Федерацијата прво треба да утврди нова структура, да се избере претседател. Останува мојот став дека преферирам секојдневната работа со клуб, но сум подготвен да го слушнам и проектот за националниот тим. Во моментов немам никакви предлози и сакам да одморам уште неколку месеци“, објасни Анчелоти.

„Азурите“ се без селектор од 15 ноември минатата година, кога Џампиеро Вентура беше отпуштен по елиминацијата од Шведска во баражот за пласман на светското првенство. Малку потоа претседателот на локалната фудбалска федерација, Карло Тавекио поднесе оставка.

Се очекува пред почетокот на Мундијалот да се одржат избори и Италија да има нов претседател, кој ќе го избере идниот селектор. Останатите споменувани имиња се Роберто Манчини и евентуалното враќање на Антонио Конте, кое се чини малку веројатно.

Слични содржини