Во натпревар од 28. коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид остварија важна победа на гости кај Виљареал, победувајќи со 2:1. Домашните подобро го отворија натпреварот и поведоа во 7. минута со голот на Хуан Фојт. Но, Реал брзо возврати, а херој на пресвртот беше Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач најпрвин го израмни резултатот во 17. минута, а потоа во 23. му донесе водство на Мадрид.
Во вториот дел Кралскиот клуб успеа да го задржи водството и да запише нови три бода. По натпреварот тренерот на Реал, Карло Анчелоти им се пожали на новинарите поради тоа што неговиот тим го играл овој натпревар во сабота од 18 часот и 30 минути, што е помалку од 72 часа од претходниот натпревар против Атлетико во Лигата на шампионите.
Тој натпревар започна во средата во 21:00 часот и заврши со победа на „кралевите“ по подоброто изведување пенали.
Анчелоти за ситуацијата рече: „Ова е последен пат кога игравме натпревар без 72 часа одмор. Нема да се појавиме и нема да играме ако тоа се повтори. Ние побаравме од Ла Лига двапати да го менува времето на натпреварот. Но ништо“.
Реал Мадрид со оваа победа привремено се врати на врвот на табелата со три бода предност пред Барселона, но и со два натпревари помалку. Виљареал останува на петтата позиција.