Анчелоти по 6:0 над Леванте: Реал е во добра форма пред финалето во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен што неговиот тим е во добра форма пред финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај во Париз. „Белиот балет“ синоќа го совлада Леванте со 6-0 во натпревар од 36. коло на Ла Лига и го испрати тимот од Валенсија во Сегунда дивизија.

„Го поддржувам Леванте и нивниот тренер. Ова е одличен клуб и сигурен сум дека наскоро ќе се вратат во Примера. Карим Бензема и Виничиус Јуниор со текот на времето почнаа подобро да се разбираат, играат добро. Во добра форма сме пред финалето, самодовербата ни порасна. Останува уште малку време до финалето и мораме да го задржиме интензитетот“, прокоментира Анчелоти.

Тој беше прашан дали се смета себеси за тренер број еден во Европа.

„Тешко прашање. Не сакам да зборувам и да гласам за себе. Поминувам низ прекрасен момент во кариерата и се надевам дека ќе трае максимално долго“, изјави Италијанецот.

Слични содржини