Анчелоти по дебаклот: Жал ми е , јас сум виновен

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ја презеде одговорноста за тешкиот пораз (4:0) од Барселона во „Ел Класико“.

Барселона синоќа ги надигра Мадрид, нанесувајќи им убедлив пораз и прекинувајќи ја серијата од шест меча без победа.

„Тие одиграа подобро од нас. Имавме лоша ноќ и тоа е тоа. Тешко е затоа што ова е „Ел класико“, игравме против Барса. Жал ми е. Но, мора да бидеме мирни. Не треба да правиме драма од ова. Мора да го заборавиме ова и да гледаме напред. Им кажав на играчите дека е моја вина“, рече Италијанецот.

Реал е прв на табелата со 12 бода повеќе и натпревар помалку од Барса.

„Имаме голема предност. Сега имаме репрезентативна пауза. Се надевам дека играчите кои беа повредени ќе се вратат“, додаде Анчелоти.

Слични содржини