Анчелоти по освојувањето на европскиот Суперкуп: Добрата атмосфера е важна за постигнување позитивни резултати

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сподели своите размислувања за победата од 2-0 над Ајнтрахт (Франкфурт) во Суперкупот на Европа.

„Натпреварот не беше лесен. Нашиот противник одигра доста добро, но откако поведовме целосно ја контролиравме играта. На почетокот на сезоната тешко е да се очекува дека ќе бидеме максимално подготвени на секој натпревар. Но, добро е што победивме и дадовме успешен старт на кампањата“, изјави Анчелоти.

„Добрата атмосфера е важна за постигнување позитивни резултати. Ние сме одличен тим, а победите не мотивираат“, додаде италијанскиот специјалист.

Анчелоти истакна дека е целосно убеден оти Карим Бензема ќе ја освои „Златната топка“ на крајот на годината.

„Тука сме најмногу поради него. Мислам дека никој не се сомнева дека ќе ја освои Златната топка“, изјави Анчелоти.

Слични содржини