Анчелоти по важната победа над: Направивме важен чекор кон титулата

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го изрази своето задоволство од победата од 3:2 над Севиља во последното коло од Ла Лига.

Мадриѓаните на гостувањето во Андалузија по првите 45 минути заостануваа со 0:2, но во вториот дел стигнаа до целосен пресврт, а победничкиот гол го постигна Карим Бензема во продолжението.

„Тоа е многу важна победа. Реагиравме жестоко по паузата. Фудбалерите покажаа посветеност и умешност. Овој тим е способен за специјални работи. Почнавме лошо, но не ја загубивме самодовербата. Сите очекуваат грешка од Реал. Ја заслуживме победата. Се уште не сме ја освоиле титулата, но направивме важен чекор кон оваа цел“, коментира италијанскиот стручњак.

Слични содржини