Анчелоти пред дуелот со Сити: Најважно е да бидеме совршени во одбраната

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид се стреми кон своето прво финале во Лигата на шампионите во 2018 година, но ќе мора да се справи со Манчестер Сити, идентификуван како фаворит број еден за освојување на турнирот.

Тренерот на шпанскиот гигант, Карло Анчелоти ги истакна силните страни на противникот, но истакна дека неговиот тим знае како да им парира на „граѓаните“.

„Мораме да одиграме максимално компактно против Сити, во спротивно ќе страдаме многу. Нашиот настап во дефанзивна смисла ќе биде клучен за исходот на натпреварот“, изјави Анчелоти.

„Ќе има периоди во кои противникот долго ќе ја контролира топката. Многу е едноставно: не можеме да стоиме и да ги гледаме како поминуваат. Мораме да можеме да се одбраниме и да ја одземеме топката“, објасни италијанскиот стручњак.

„Целта е да бидеме што поефикасни. Не е тајна дека ќе типуваме на директен фудбал“, додаде тренерот на кралскиот клуб.

Слични содржини