Анчелоти: Реал е врв на фудбалот, од врвот одам во пензија

од Vladimir Zorba

Карло Анчелоти започнува нова авантура на клупата на Реал, по величествените успеси од минатата сезона, освојувајќи ја двојната круна…

Веќе освои еден трофеј – Суперкупот на Европа, ќе ги напаѓа многу поважните, свесен дека се ближи крајот на неговата тренерска кариера.

Тој исто така рече дека по Реал нема да работи на друго место.

„По Реал се повлекувам. Реал Мадрид е врв на фудбалот. Сосема е логично да ја завршам кариерата по Реал“, изјави Анчелоти.

Тој е единствениот тренер кој освоил титули во петте најсилни европски лиги, два пати беше европски првак со Реал и Милан, со кои двапати го освои и Купот на шампионите како играч.

Слични содржини