Анчелоти: Во новата сезона има 6 трофеи за освојување и сакаме да се бориме за сите

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде интервју за веб-страницата на УЕФА една недела пред финалето на Суперкупот на Европа меѓу неговиот тим и Ајнтрахт Франкфурт. Ова ќе биде прв официјален натпревар за шпанскиот шампион во новата сезона.

„Иако на некој начин заостануваме во однос на Ајнтрахт, кој ја започнува сезоната порано, ќе играме на победа. Гледаме напред. Победите од минатата сезона ни даваат самодоверба, но мораме да се концентрираме на следните натпревари. Во новата сезона ќе има 6 трофеи за освојување и сакаме да се бориме за сите“, изјави италијанскиот стручњак.

„Подготвени сме, во форма сме. Мораме да ја оставиме радоста и задоволството од минатата сезона и да не дозволиме некој да ни го заземе местото. Ова е најголемиот мотив да продолжиме да победуваме”, изјави Анчелоти.

„Ридигер и Чуамени се меѓу најдобрите играчи во светот на нивните позиции. Нивниот квалитет го зголемува физичкиот и техничкиот капацитет на нашиот тим. Останува да се прилагодат на тимот и тој да се навикне на нивното присуство. Да не заборавиме дека тројцата што си заминаа – Бејл, Марсело и Иско испишаа историја со овој клуб во последните години. Се надеваме дека новите ќе ги повторат успесите“, додаде Карло Анчелоти.

Слични содржини