Анчелоти за Почетино и Мбапе: Понекогаш тренерите лажат …

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред натпреварот со Еспањол во Примера, по кој „Лос Бланкос“ и официјално може да го освојат шпанското првенство. На „белите“, кои на 5 кола пред крајот на сезоната имаат 15 бода пред ривалите Барселона и Севиља, за триумф им треба само еден бод против каталонскиот тим на „Сантијаго Бернабеу“ во главниот град. Анчелоти споделува како по драматичниот пораз од Манчестер Сити со 3:4 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, ѕвездите на „Лос Меренгес“ веднаш почнале да се подготвуваат за претстојниот натпревар со Еспањол.

„Вниманието веднаш го свртевме кон Еспањол по мечот со Сити. Големите тенисери не пропуштаат меч топка. Се надевам дека ќе успееме утре“, изјави Анчелоти. „Многу сум среќен. Лесно работам бидејќи ја имам поддршката од клубот и од играчите. Како и многу Италијанци, и јас сум суеверен, па ако ми дозволите, претпочитам да зборувам кога работите ќе завршат“, изјави 62-годишниот италијански стручњак.

Можеби најинтересниот коментар на Анчелоти сепак беше поврзан со плановите на француската суперѕвезда Килијан Мбапе. Се очекува напаѓачот да го напушти Пари Сен Жермен како слободен играч ова лето и да премине во Реал Мадрид. Тренерот на ПСЖ, Маурио Почетино неодамна даде изјава во која рече дека тој и Мбапе до денес остануваат 100% на „Паркот на принцовите“, а Анчелоти беше замолен да даде коментар.

Еве што изјави Италијанецот: „Па, понекогаш тренерите не ја кажуваат вистината“.

Слични содржини