Анџелина бара смена на судијата во процесот со Бред Пит

од Vladimir Zorba

Анџелина Џоли побара промена на судијата, кој го следи случајот со нејзиниот развод од актерот Бред Пит и долготрајната битка за старателство над шестте заеднички деца, што трае од 2016 година.

Имено, актерката тврди дека судијата Џон В. Оудеркирк треба да биде „дисквалификуван“ од постапката за развод, која беше поднесена во 2016 година, бидејќи е во блиска врска со адвокатката на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Адвокатите на Анџелина поднеле барање до Врховниот суд во Лос Анџелес, во кое тврдат дека судијата „не ги открил тековните односи меѓу него и бранителката на Пит“.

Сепак, извор близок на оваа двојка вели дека е само тактика на Анџелина да го одложи решавањето на случајот, затоа што таа верува дека работите во моментот не одат во нејзина корист.

Главното прашање за кое Анџелина и Бред не можат да се согласат е старателството над нивните шест деца.

„Џоли се обидува да смени судија кој го надгледува нивниот случај за развод. Таа има право на тоа, но ако сметаше дека е на вистинскиот пат во оваа постапка, таа немаше да го стори тоа. Ова е класичен случај кога некој очекува лоша судска одлука и се обидува да ја одложи постапката барајќи нов судија“, рече извор близок до нив.

– Нејзиниот потег е многу необичен, таа одолговлекува – додаде изворот.

Потсетуваме, нивниот развод трае веќе четири години. Тие се запознале во 2004 година, стапија во врска во 2005 година, а се венчаа во 2014 година. По само две години брак, Анџелина поднесе барање за развод откако Бред Пит наводно го нападнал нивниот најстар син додека бил пијан.

Тие беа официјално прогласени за слободни единки минатата година, додека остануваат да се решат многу прашања, вклучувајќи финансии и старателство над деца.

Слични содржини