Анџелина Џоли бесна поради потег на Бред Пит

од Stefanija Kuzmanovska

Анџелина Џоли е бесна затоа што Бред Пит ја однесе својата нова девојка, Никол Потуралски, во Франција, пишуваат странските медиуми.

Немаше да биде толкав проблем доколку Пит и манекенката не отидеа во замокот каде што се венчаа Бред и Анџелина во 2014 година.

Иако Анџелина, наводно, никогаш не би помислила дека Бред ќе се осмели да направи таков потег, таа се шокираше кога ги виде неговите фотографии со убавата Никол, која ја однел на романтичен состанок токму таму каде што се ожени со неговата поранешна сопруга. Не само тоа, тој го стори тоа точно на датумот кога би ја прославиле годишнината од нивниот брак.

Изворот за US Weekly изјави дека на Бред не му е гајле што мисли Анџелина.

„Фактот што ја однесе Никол во Миравал на годишнината од бракот не е случајно. Бред точно знае што направи и каква реакција предизвика. Не му е гајле што таа ќе експлодира, тој го очекуваше тоа“, вели изворот.

„Анџелина е згрозена од овој низок потег. Не само што патува низ Европа со неа, така јавно и пред медиумите, туку и целата ситуација со одењето на местото на нивната венчавка е многу груба и дрска“, изјави извор близок на актерката.

 

Слични содржини