Анџелина Џоли го обвини Бред Пит за малтретирање: Изнесени детали за инцидентот во тужбата

од Nikola Popovski

Во правниот процес што го водат Анџелина Џоли и Бред Пит за винарија во Франција, актерката упати нови обвинувања против актерот.

Како што тврди Анџелина во противтужбата против нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит ја малтретирал неа и нивните деца за време на авионски лет во 2016 година.

Актерката во вторникот поднела противтужба, каде што навела бројни детали од врската со нејзиниот поранешен сопруг, познат актер, како што објави The New York Times.

Како што сега изјавила Џоли, Бред Пит ја малтретирал во приватен авион, што било главната причина за нивното раскинување. Двајцата, заедно со нивните шест деца, полетале од Франција во Калифорнија во септември 2016 година. Тогаш актерот наводно го давел едното дете, а друго удрил во главата.

„Тој потоа ја фатил актерката за глава и ја затресил“, се наведува во документот и се додава дека Пит ги полил со пиво и вино децата и неговата тогашна сопруга.

Се огласија извори блиски до актерот, кои тврдеа дека Бред Пит никогаш не го малтретирал семејството.

Да потсетиме дека судскиот процес во Лос Анџелес беше инициран поради винарија во сопственост на актерска двојка во Франција. Бред Пит поднесе тужба против неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли бидејќи таа продала дел од лозјето кое било во заедничка сопственост. Нивниот развод траеше со години, а главниот спор беше старателството над нивните деца.

Слични содржини