Анџелина Џоли има ново момче, станува збор за музичар (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Иако агонијата околу разводот со Бред Пит сè уште не е завршена, Анџелина Џоли најде ново момче, пренесуваат странските медиуми.

Години по разделбата од Бред, никој не успеа да ја заинтригира и да ѝ го освои срцето, а тоа сега му успеа на еден музичар. Нејзиното ново момче е диџејот Дипло, наведува таблоидот New Idea.

Извори тврдат дека атрактивната двојка е видена на приватна забава во Лос Анџелес насмеана и уживајќи во опуштената атмосфера.

Споменатиот таблоид наведува дека нивната врска напредувала, и дека актерката го претставила новото момче на своето семејство. Очигледно, тој се сретнал со децата на неговата избраничка и сите се воодушевени од него.

Слични содржини