Анџелина Џоли: Мајките од Сребреница ја заслужуваат Нобеловата награда за мир

од Nikola Popovski

Актерката и активистка Анџелина Џоли на списанието Тајм им посветила натпис на жените жртви на војната во Босна и Херцеговина по повод Меѓународниот ден на жената, а на таа тема разговарала и со режисерката Јасмила Жбаниќ, со која се согласи дека жените од здружението „Мајките од Сребреница“ ја заслужуваат Нобеловата награда за мир.

„Јасмила ми раскажа како мајките од Сребреница ја инспирирале да го снима филмот „Кво вадис, Аида“. Повеќе од две децении, оваа група преживеани жени одржуваше мирни протести и ја користи моќта на мајчината љубов за да го одржи во живот споменот на машките членови на семејството, трагајќи по нивните тела и барајќи правда и вистина“, напиша Џоли во воведот за списанието „Тајм“.

На прашањето од Џоли зошто решила да ја раскаже приказната за Сребреница, Жбаниќ рекла дека тоа е универзална трагедија на цивилизацијата, пренесува „Н1 БиХ“.

Жбаниќ објасни дека снимањето на филмот се одвивало далеку од очите на јавноста, бидејќи постои страв дека некои политичари ќе се обидат да ја искористат таа тема за друга поделба меѓу народите.

„Знам дека ниту еден филм не може да пренесе толку многу болка, но се обидов да покажам мал дел од таа трагедија“, изјавил Жбаниќ за филмот, кој неодамна беше ставен на тесната листа на номинации за овогодинешниот Оскар во категоријата најдобар странски филм.

Жбаниќ објаснува дека мајките од Сребреница никогаш не оделе за одмазда, туку својата енергија ја насочувале кон барање на вистината и правдата.

На прашањето дали мисли дека „Мајките од Сребреница“ го добиле признанието што го заслужуваат, Жбаниќ одговорила дека се надева дека еден ден ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир.

Тие се единствената сила на мировниците во светот, рече Жбаниќ, додека Џоли ја поздрави идејата, надевајќи се дека делумно ќе помогне во лекувањето на траумите од војната.

Слични содржини