Анџелина Џоли минува низ тежок период: Моите ќерки се бореа да преживеат

Анџелина Џоли откри дека нејзинте две ќерки се оперирани оваа година. Во есејот кој го објавила за Меѓународниот ден на жените, актерката и режисерка напишала дека нејзините ќерки се бореле „за да преживеат и да оздрават“.

Нејзината 15-годишна ќерка Захара завршила во болница поради неутврдени причини, додека другата, за која не се знае дали е 13-годишната Шајло или 11-годишата Вивиен, била на операција а колкот.

Анџелина додала дека нивните браќа биле многу внимателни во тој период, но не го спомнала нивниот татко, својот поранешен сопруг Бред Пит.

Нејзиниот есеј го објави магазинот Тајм.

„Последниве два месеци ги поминав во операции на мојата најстара ќерка, а пред неколку дена гледав како нејзината помала сестра оди под нож поради операција на колкот. Знаат дека го пишувам ова, бидејќи многу ја почитувам нивната приватност, зборувавме и ме поттикнаа да го напишам. Разбираат дека минувањето низ медицинските предизвици и борбата за преживување и оздравување е нешто на што треба да се горди. Видов како двете застануваат и се ставаат една со друга на прво место и беа среќни што можат да си помогнат. Гледав како се соочуваат со стравовите со храброст“, започнала Анџелина.

Таа се присетила како и самата поминала преку двоја масектомија пред три години, се разведе од Бред Пит во 2016 година и како и биле отстранети јајниците и јајцеводите година претходно.

„На сите ни е познат оној момент кога никој друг не може да ни помгне и се што можеме да направиме е да затвориме очи и да дишеме. Можеме да го направиме следниот чекот и да дишеме и покрај болката“, напишала.

Таа ги пофалила своите синови, 11-годишниот Кнокс, 16-годишниот Пакс и 18-годишниот Медокс.

„Браќата беа тука за нив, полни со поддршка“, додала.

„На меѓународниот ден на жените, пишувајќи го ова од болница, фокусирана сум на своите ќерки, на се што сум научила од нив и другите млади девојки кои сум ги запознала“, заклучила Џоли.

Иако не го спомнала Бред, Page Six пишува дека тој не се одвојувал од своите ќерки и дека тоа е причината поради која не дошол на доделување на БАФТА наградите во февруари.

Слични содржини