Анџелина Џоли: По разводот станав посилна!

од Vladimir Zorba

Анџелина Џоли поднесе барање за развод со Бред Пит во септември 2016 година и веднаш ja почувствува силата на медиумското внимание, иако се обидуваше да се уедини со своите деца во изолираниот дом во затворен простор на Лос Анџелес.

Првиот чекор во излез од осаменоста, таа го направи ова лето со промовирањето на режисерскиот проект “Прво го убија татко ми”. А оваа есен се очекува Енџи да започне да посетува и официјални настани и да дава интервјуа.

Пред “People” ѕвездата сподели и за својата емоционална состојба поврзана со разводот и како овој настан ѝ го променил животот, како и оној на децата.

“Имав подеми и падови. Сметам дека станав посилна. Секој преживува тешки периоди, но како мајка ти си прво одговорна за децата. Моите деца сега влегуваат во периодот на возрасните и сè друго за мене е на второ место “.

Енџи навистина се труди да е до наследниците – 16-годишниот Медокс, 13-годишниот Пакс, 12-годишната Захара, 11-годишната Шајло и 9-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

 

Во интервјуто Анџелина потврдува дека има намера да се врати кон киното како актерка и една од првите нејзини работи е да влезе во ликот на Малефисент од веќе познатата бајка.

Сепак потврдува дека децата ѝ стојат на прво место.

“Сè во животот ми се врти околу децата. Не работев околу една година, бидејќи тие имаа потреба од мене дома. Само го отфрлив сето останато. Постојано стојам и разговарам со нив, бидејќи тие растат и случувањата им влијаат. Секоја промена на локација, секој проект “.

Таа додава дека семејството  уште не го преживеало сето што се случило во текот на изминатата година, но ситуацијата е нормализирана и сите се подготвени за нови авантури.

“Мислам дека треба повторно да излеземе пред светот. На сите ни се натрупаа тешкотии, но време е да се извлечеме од нив “.

Анџелина исто така емотивно изјави дека многу ѝ недостасува мајка ѝ – Марчелин Бертран, која почина од рак пред десет години. Енџи вели дека сега има потреба од неа повеќе од било кога. За сопственото здравје актерката забележува дека во моментов е добро.

Слични содржини