Актуелно
Почетна / Сцена / Анџелина и Бред започнаа заедничка психотерапија

Анџелина и Бред започнаа заедничка психотерапија

Поранешната двојка Бред Пит и Анџелина Џоли решија заедно да побараат совет од психотерапевт за тоа како заедно да учествуваат во одгледување и воспитување на нивните шест деца, пишуваат странските медиуми.

Беа потребни речиси четири години за двајцата да сфатат дека децата сепак се на прво место и дека првенствено треба да им се посветат на нив.

„На нив дефинитивно им беше потребна помош да најдат начин да ја надминат битката за старателството, која стои зад нив, и како Бред може повторно да биде татко на своите деца. „Бидејќи децата сега се постари, не е веќе проблем да се одвојат од Анџелина некое време“, рече извор близок на актерката.

Анџелина и Бред имаат шест деца: Медокс (18), Пакс (16) Захара (15), Шајло (14) и близнаци Вивиен Маршелин и Нокс (12), од кои три се посвоени.

loading...