Анџелина тврди дека Бред Пит физички ја малтретирал

од Берта Китинска

Анџелина Џoли е подготвена да поднесе докази за домашно злоставување на суд во тужбата за развод против поранешниот сопруг Бред Пит, тврдат нови извори, пишува Дејли меил.

Документите до кои дошол порталот The Blast наводно покажуваат дека актерката изјавила дека е подготвена да даде нови докази во прилог на наводното семејно насилство што се случило за време на нејзиниот двегодишен брак со Бред Пит.

Двојката има заеднички деца, Медокс, Захара, Пакс, Шилон и близнаците Нокс и Вивиен, а старателството и финансиските аранжмани ќе бидат договорени на судењето, поради што нивните најмали деца ќе треба да сведочат, ако нивните родители се согласат.

Набргу откако двојката поднесе барање за развод во 2016 година, откриено е дека Бред е под истрага на ФБИ и социјалните служби во Лос Анџелес, по веста дека извршил „вербално и физичко насилство врз своите деца“ во приватен авион. Сепак, тој подоцна беше ослободен од тие обвиненија.

Покрај деталите за наводите за домашно злоставување, документите покажуваат дека судот бара дозвола од парот за да сведочат Шилон, Нокс и Вивиен.

Во октомври минатата година, битката за развод наиде на друга пречка откако актерката ја прекина соработката со еден од нејзините адвокати.

Слични содржини