Андонов: Најдобриот начин да им се помогне на компаниите е обезбедување на поевтината електрична енергија од Бугарија

од Vladimir Zorba

Нашата задача не е да избегнуваме некој, туку да ги најдеме најдобрите можности за обезбедување на потребните енергенси по најповолни цени. Тоа е во интерес на граѓаните бидејќи буџетот на граѓаните се полни токму од нив и компаниите, изјави денеска Виктор Андонов, советникот за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

Во однос на количини, вели тој, ТЕ – ТО – троши околу 1 милион нормални метри кубни на ден. За работа на 30 дена – 30 милиони нормални метри кубни на гас.

– До крајот на грејната сезона топланите во Скопје мислам дека треба да потрошат околу 25 милиони заклучно со април. ЕСМ енергетика мислам дека приближно околу 24 милиони и Скопје Север околу 1 милион. Вкупната бројка е околу 230 милиони нормални кубни метри на природен гас, истакна советникот.

Пред десетина дена претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека се разговара за испорака на природен гас во земјава во замена за електрична енергија од ТЕ-ТО. Така што дел од произведената електрична енергија ќе биде вратена назад во Србија. За точните количини, проценти Андонов посочи дека ќе има информации во моментот кога ќе се постигнат финалните договори.

– Во однос на разговорите со Србија постои голем оптимизам дека и двете страни ќе се завршат разговорите и дека ќе функционира договорот и дека ќе се обезбедат потребните количини за работа на ТЕ – ТО и работа на топланите. Тоа е едниот аспект. Вториот аспект е тие електрани имаат резервно гориво тоа е мазут, можат да работат и на мазут. Така што доколку не се договори опцијата за гас, доголку не се договарат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои резервна варијанта, тоа е работа на мазут, изјави Андонов.

Барањата на компаниите во однос на кризата, продолжи тој, воглавно се состојат од обезбедување на прифатливата цена за електрична енергија.

– Поради тоа се сите овие средби, активности кои се прават во изминатиот период. Најдобриот начин да им се помогне е обезбедување на поевтината електрична енергија од Бугарија, вели советникот на премиерот.

Слични содржини