Анес: Моралес не може да учествува на претседателските избори

од Aleksandar Petrovski
 Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес, денеска изјави дека поранешниот претседател на земјата Ево Моралес не може да се кандидира на било кои следни избори, но дека неговата партија може.
Таа кажа дека „Движењето за социјализам“ на Моралес „има полно право да учествува на изборите“ и дека оваа партија „може да си бара кандидат“, не сметајќи на доскорешниот претседател и поранешниот потпретседател на Боливија Алваро Гарсија Линера.
Анес наведе дека сака повторно да се воспостави стабилност во Боливија, но дека приврзаниците на Моралес, кој се засолни во Мексико, ја обвинуваат за присвојување на власта.

Засега не е познато дали официјалните претставници во Боливија, земја која е погодена од тешка политичка криза, мораат и формално да му забранат на Моралес да учествува на изборите.

Моралес во неделата поднесе оставка на барање на армијата, по повеќенеделните масовни демонстрации заради наводната кражба на изборите од 20 октомври, по кои тој тврдеше дека го обезбедил четвртиот претседателски мандат уште по првиот круг од гласањето.

Организацијата на американски држави спроведе ревизија на изборниот процес и резултатите од гласањето и утврди дека имало голем број нерегиуларности. .

Новата привремена влада на Боливија, со Анес на нејзино чело, почна да добива меѓунардни признанија, но во самата земја нејзиниот легитимитет е доведен во прашање.

Слични содржини